ФОТО: EHF/ Alvur Haraldsen

Фарски Острови со гол во последна секунда до бод против Холандија!

Репрезентациите на Фарски Острови и Холандија одиграа неизвесен натпревар, а на крајот двете селекции си ги поделија бодовите, откако мечот заврши без победник, 32:32.

Иако Холандија можеше да си замине со два бода од островската земја, сепак домаќините одиграа мудро во последниот напад, организираа добра акција, и левото крило Мортенсен во последната секунда успеа да и донесе голем бод на својата репрезентација.

Кај домаќините, прво име беше Елиас Елефсен а Скипаготу со 10 погодоци, додека кај Холандија се истакна левото крило Тен Велде со 12 погодоци.

Холандија квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 ги стартуваше со победа над Украина и реми со Косово во Приштина, додека Фарски Острови славеа против Косово, а загубија од Украина.

Во рамки на ЕХФ Евро Купот, Шведска беше убедлива против Норвешка со 38:29, а Франција славеше минимално над Данска со 33:32

Квалификациите за ЕП 2026, 3. коло, резултати:
ЧЕШКА – ХРВАТСКА 29-33
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА 26-29
ГРЦИЈА – ИСЛАНД 25-34
ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА 20-30
ТУРЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 34-38
ЛУКСЕМБУРГ – БЕЛГИЈА 22-32
ФАРСКИ ОСТРОВИ – ХОЛАНДИЈА 32-32
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 26-32

 

📷 Чекор назад во битката за ЕП – Словенија носи цел плен од Македонија!

 

Литванија ја торпедираше Естонија, Хрватска со моќен втор дел до бодови во Чешка