Тимот на Овче Поле СУ донесе уште две млади ракометарки за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции во Првата женска лига.
Станува збор за Натали Маџовска (2008), која игра на позиција лев бек, а доаѓа од кадетската екипа на Вардар, како и за Андонела Ангелковиќ (2013), која игра на позиција десно крило и доаѓа од пионерската екипа на Спартак.
Претходно Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева останаа верни на тимот од Свети Николе и потпишаа нови договори за наредната сезона.
Со продолжувањето на соработката со квартетот ракометарки клубот го задржа целиот состав од предходната сезона.
























