🎥Фантастична одбрана на Митревски – му симна зицер на Порт

По првото полувреме на мечот на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, селекцијата на Франција води против Македонија со 17-13.

Македонија во поголемиот дел од првото полувреме успешно им парираше на „триколорите“, кои во желбата да ја зголемат разликата, се почесто правеа грешки.

Избраниците на Кире Лазаров во неколку моменти имаа активен резултат, а меѓу најзаслужните за добрата игра на Македонија е одличниот Никола Митревски.

Голманот во првите 30 минути имаше неколку фантастични интервенции, првиот дел го заврши со шест одбрани, една повеќе имаше голманот на Францја, Реми Десбоне.

Македонија игра храбро, но Франција води на паузата