Фала ти за се Бертус – Келце со спектакуларна кореографија се прости од претседателот (ВИДЕО)

Екипата на Келце во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите успеа да го надигра ПСЖ, триумфираше со 30:29.

Вчерашниот дуел на Келце со клубот од француската престолнина беше искористен и за незаборавно испраќање на довчерашниот претседател на клубот Бертус Сервас.

Како што е веќе познато, кон крајот на месец јуни оваа година, Сервас најави дека се повлекува од претседателката функција на европскиот вицепрвак.

Сервас, кој со години беше прв човек на Келце, успеа во неколку наврати да го спаси клубот од банкрот.

Поради се што има направено за Келце, навивачите на полскиот шампион пред самиот почеток на дуелот со ПСЖ му се заблагодарија на успешниот бизнисмен.