Европскиот првак ја преброди финансиската криза

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад, кој беше во финансиска криза, успеа да ги реши финансиските проблеми за тековната сезона.

Раководството на норвешкиот тим соопшти дека клубот повеќе не е во финансиска опасност и дека добил голема помош од многу компании и поединци.

Сепак, сѐ уште не се знае дали Вајперс Кристијансад ќе има финансиска стабилност во следната натпреварувачка сезона.

,,Заедно со голема група луѓе, успеавме да најдеме решение кое ќе му овозможи на Вајперс Кристијансанд да ја заврши сезоната. Ни помогнаа многу компании и поединци кои работеа многу напорно за да се реши оваа ситуација. Клубот повеќе не е во финансиска опасност”, стои во соопштението на норвешкиот клуб.

Вајперс Кристијансад успеа да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите и за пласман во четвртфиналето ќе се бори против унгарскиот Дебрецин.