Европски Куп: Анортозис приреди сензација, Целје пред елиминација, порази за Партизан и Бешикташ

Изминатиот викенд се одиграа првите натпревари од третото коло во Европскиот Куп, а три пара веќе ги одиграа и два меча, па познати се првите патници за осминафиналето.

Екипите на Диомидис Аргус од Грција, Драмен од Норвешка и Бриксен од Италија со по две победи ги елиминираа норвешкиот Арендал, босанскиот Леотар Требиње и чешкиот Ловосице.

Партизан, кој се вбројува меѓу фаворитите за трофеј, беше поразен на гости кај Кремс со 25-24. Македонското лево крило Бојан Маџовски настапи за српскиот тим но немаше реализации. Партизан има убава шанса со победа од два гола разлика да направи прогрес во следната фаза.

Тешка задача да го стори тоа ќе има словенечкиот Целје, кој загуби со 13 гола на гости кај Рудар Сандефјорд. Кога ќе имате реализација од 76% и десет голмански одбрани повеќе од ривалот, победата е неизбежна, а тоа го имаше норвешкиот тим.

Изненадувачка победа славеше естонската Полва Сервити против Бешикташ со 26-24, иако голманот Матеј Ашанин имаше 17 одбрани, а сензација приреди и кипарскиот Анортозис Фамагуста, не толку поради победата, туку поради гол разликата, откако победи со 37-28 против швајцарскиот Фади Винтертур.

Мотор Запорожје со пресврт го совлада босанскиот Извиѓа, додека косовскиот Раховец предводен од Горан Андоновски загуби дома и се наоѓа пред елиминација од романскиот Баја Маре. За косовскиот тим, македонскиот пивот Стефан Атанасовски имаше четири погодоци.

Следниот викенд со двата меча на домашен терен против австрискиот Вест Виен, ќе настапи и македонскиот освојувач на Куп трофејот – „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

Европски Куп, 3 коло, резултати:

Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија) 31-38
Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција) 19-23, 33-36
Алкалоид (Македонија) – Вест Виен (Австрија)
Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија) 21-23
Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија) 37-28
Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) 33-32
Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина) 33-30, 32-21
Кремс (Австрија) – Партизан (Србија) 25-24
АЕК Атина (Грција) – Ловќен Цетиње (Црна Гора)
Бриксен (Италија) – Ловосице (Чешка) 32-26, 34-29
Полва Сервити (Естонија) – Бешикташ (Турција) 26-24
Хаукар (Исланд) – Кур (Азербејџан)
Мистра (Естонија) – Јерусалем Ормож (Словенија) 30-34
Повашка Бистрица (Словачка) – БК46 (Финска) 28-31
Потаиса Турда (Романија) – Олимпијакос (Грција) 27-32
Рунар Сандефјорд (Норвешка) – Целје (Словенија) 41-28