Jannik KOHLBACHER and Mathias GIDSEL, SF2 - Germany vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Европа денеска го добива новиот шампион

Четирите најдобри репрезентации на Европското првенство 2024 денеска ќе ги одиграат последните натпревари.

Последниот ден на Европското првенство во Германија ќе биде затворен со големото финале кое е закажано за 17:45 часот.

За првото место и златото ќе се борат репрезентациите на Франција и Данска, кои во полуфиналето триумфираа над Шведска, односно Германија.

Франција ќе атакува на четврто злато на Европските првенства, додека Данска ќе се обиде да дојде до трето злато на континенталните собири.

Претходно од 15:00 часот се среќаваат селекциите на Шведска и Германија во дуел за 3. позиција и бронзениот медал.

На Европското првенство 2022, кое се одржа во Унгарија и Словачка, првото место го освои Шведска, втора беше Шпанија, бронзата им припадна на ракометарите на Данска, додека како четврта европска сила заврши Франција.