Евро-сезоната на Вардар ќе трае најмалку до март!

Ракометарите на Вардар ќе се вратат во Лигата на шампионите по четири години и од септември ги очекуваат шест битки со францускиот Нант, германскиот Мелсунген и полската Висла Плоцк.

По шест меча од главната рунда, прво и второпласираните екипи продолжуваат во главната рунда, додека трето и четвртопласираните ќе продолжат во Лигата на Европа.

Тоа значи дека на било кое место да заврши, Вардар ќе продолжи со европската сезона најмалку до почетокот на март, кога ќе се финишира главната рунда од Лигата на шампионите, односно елиминациската рунда (1/16 финале) од Лигата на Европа.

Групата на Вардар е најизрамнета од сите, па македонскиот шампион сигурно не е без шанси, со оглед на тоа дека и минатата сезона во Лигата на Европа покажа дека може против сите.

Вардарци ќе тргнат во ЛШ со гостински меч против Мелсунген на 9/10 септември, а прв гостин во Скопје ќе биде францускиот Нант на 16/17 септември.