Иако треба да се одиграат уште две кола до крајот на сезоната во Супер женската лига, се е веќе познато – шампионот, поделбата на местата во Европа, како и екипата што ќе игра бараж за опстанок.
Според рејтинг листата на ЕХФ, Македонија во женска конкуренција има право да пријави две екипи во Лигата на Европа (Ѓорче Петров, Чаир) и две екипи во ЕХФ Европскиот Куп (Вардар, Куманово).
Спартак и Астибо ќе имаат шанса да побараат вајлд-карта за ЕХФ Европскиот Куп, а во зависност од бројот на пријавените екипи, ЕХФ ќе донесе одлука.
Шампионот Ѓорче Петров и вицепрвакот Чаир може да направат „даунгрејд“ и наместо Лигата на Европа, која во моментов се игра со две квалификациски кола пред групната фаза, да се пријават во ЕХФ Европскиот Куп.























