Еурофарм Пелистер нема да менува на клупата, му верува на Ангеловски!

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, одлучи да не менува  на тренерската функција за вториот дел од сезоната.

Тоа значи дека досегашниот привремен тренер Бранислав Ангеловски ќе биде главен тренер, барем до крајот на натпреварувачката сезона 2023/24/

Ангеловски активно ја извршуваше улогата на спортски директор, а по заминувањето на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски од тренерската позиција, во ноември и декември минатата година ја водеше екипата на четири натпревари од Лигата на шампионите и неколку натпревари од Супер лигата и Купот на Македонија.

Првиот официјален натпревар во 2024 година Еурофарм Пелистер ќе го одигра против главниот ривал Вардар во првото коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Што се однесува до настапите во Европа, првиот европски натпревар за пелистерци е 14 февруари против ПСЖ.