Еурофарм Пелистер 2 и без тајмаут пресилен за „прволигашот“ Радовиш

Радовиш е веќе испаднат до Супер лигата, но мора да ги одигра натпреварите од плејуатот кој нема ништо веќе да сменат. Сега на домашен терен немаа сили да му дадат отпор на тимот од Битола, па Еурофарм Пелистер 2 со победа од 38-23 (21-11) се враќа дома.

Колку беше нерамноправен дуелот покажува и фактот што гостинскиот тренер Александар Зарков ниту еднаш не побара тајмаут, иако има право на три. По 9 одиграни минути гостите водеа со 5-2, а домаќините бараа „минута одмор“. Видоа дека тоа ќе биде нерамноправен меч ако нешто не се смени.

Ама немаа сила. Битолчани продолжија да даваат голови, во 20 минута имаа „двојна предност“ водеа 14-7, а до крајот на првото полувреме веќе со двоцифрена предност, 21-11. Тука се беше решено. Играа гостите од 22 минута беа Бен Махфуд кој доби директен црвен картон по фаулот врз Илија Димов.

Највисоката предност за гостите беше „плус 16“, но не „запнуваа“ бидејќи победникот беше решен одамна. Кај гостите Петар Марковски и Ненад Белистојаноски дадоа по 7 гола, а еден помалку постигна Бојан Гичев.
Кај домашните 6 гола постигна Иванче Ончев, а пет даде Славе Јанковски.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________