ЕП младинци: Шпанија и Португалија ќе се борат за злато!

По денешните полуфинални средби, познати се финалистите на Европското првенство за младинци во Словенија.

За златото ќе се борат Шпанија и Португалија, кои веќе играа меѓусебе во главната рунда, и тогаш Португалците ја прекинаа серијата на Шпанците од 19 победи по ред на големите натпреварувања.

Шпанија во полуфиналето со пресврт беше подобра од селекцијата на Данска со 36-34, иако скандинавската селекција водеше со плус четири, 30-26, кон средината на вториот дел.

„Фуријата“ најпрво израмни на 30-30, потоа и поведе со два гола, па немаше време за Данците да се вратат во мечот.

Португалија ја победи Германија со 29-24, иако опуштањето во вториот дел можеше скапо да ја чини. Португалскиот состав имаше и плус осум, 21-13, но упорните Германци се вратија на минус еден, 25-24.

Тука како да застана Бундес тимот, во последните десет минути ниту еднаш не погоди, а Португалија реализираше и рутински го доврши мечот.

Европско првенство младинци, резултати:

1-4 место
Данска – Шпанија 34-36
Португалија – Германија 29-24

5-8 место
Австрија – Норвешка 30-22
Шведска – Исланд 30-27

9-12 место
Унгарија – Македонија 26-27
Франција – Хрватска 29-26

13-16 место
Романија – Србија 29-31
Словенија – Полска 29-33

17-20 место
Швајцарија – Чешка 39-33
Фарски Острови – Италија 42-26

21-24 место
Израел – Црна Гора 27-23
Грција – Украина 21-23