Елитното друштво се зголемува – девет македонски тренери по Мастер Коуч лиценца

Друштвото на македонски стратези кои ја поседуваат највисоката тренерска лиценца – Мастер Коуч, ќе се зголеми во 2024 година.

Девет македонски тренери се пријавија да полагаат за Мастер Коуч на семинарот што ќе го организира Ракометниот Сојуз на Србија.

Меѓу нив се поранешните репрезентативки на Македонија кои сега градат тренерска кариера – Анжела Платон, Марија Папуџиева и Даниела Новеска, како и Александра Кузмановска и Мери Арсениевска.

За Мастер Коуч ќе полагаат и Дарко Јанев и Алексо Лембанов, кои имаат искуство во македонската Супер лига како дел од стручните штабови на Бутел и Пролет, како и Зоран Ставрески и Драган Пешовски, кои работат во Германија, односно Швајцарија.

Термините се уште не се прецизирани, но РСС објави дека првиот модул од семинарот ќе се одржи онлајн.