Поранешниот ракометар на Вардар, Жереми Тото, од следното лето ќе има нов предизвик во кариерата, дознава 24Ракомет.
Францускиот репрезентативец ќе го облече дресот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед и ќе биде замена за Словенецот Матеј Габер.
Ова ќе биде трампа меѓу Нант и ПИК Сегед, бидејќи Габер се сели во спротивна насока и одново ќе игра во Франција, откако своевремено беше дел од Монпелје.
Тото ја игра втората сезона во Нант по трансферот во Вардар, а таму ја дели минутажата со Тео Монар и Вилијам Хогхиелм.
Со „црвено-црниот“ тим Тото настапуваше и во Лигата на шампионите, а одличните настапи му донесоа и повик за сениорската селекција во Франција.