Поранешен кадетски репрезентативец на Македонија ќе игра за Косово!

Поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Енес Идризи, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Косово.

Идризи се најде на списокот на младинската репрезентација на Косово за настап на ИХФ Интерконтиненталниот Трофеј.

Како што е познато, победникот од овој турнир ќе обезбеди пласман на Младинското светско првенство 2025 кое ќе се одржи во Полска.

Младиот ракометар во мај, 2022 година, од Македонија се пресели во Германија и таму со успех го носи дресот на Котбус.

Левиот бек своите почетоци во ракометот ги направи во академијата на Металург. На 16 години потпиша за екипата на Вардар Јуниор, а две години настапуваше за Работнички.

Пред да замине за Германија беше дел од прволигашот Аеродром и со своите одлични партии успеа да направи трансфер во странство.