Екс член на Металург ќе го засили Метковиќ на Гошевски

Некогашниот среден бек на Металург, Марко Тарабокија, во новата сезона ќе ги брани боите на Метковиќ Механика.

Тој по долги години настапи надвор од татковината ќе се врати дома и ќе му стане соиграч на десниот бек Дејан Гошевски.

Тарабокија беше дел од Металург во сезоната 2020/21, а потоа замина во Унгарија каде ги бранеше боите на Дабас и Фејер Веспрем.

Плејмејкерот настапуваше и за полската Висла Плоцк, унгарскиот Чурго, хрватскиот Сесвете, словенечкиот Марибор…