Егзотичен трансфер на Гомеш – пак ќе игра во Азија

Актуелниот член на Динамо Букурешт, Андре Гомеш, најверојатно ќе има нов предизвик на интернационално ниво, пренесува „Спорт Билд“.

Според споменатиот медиум, искусниот ракометар од Португалија во наредната сезона ќе направи кам-бек во Азија

Јапонија би била следна интернационална станица за Гомеш, кој во Динамо Букурешт не се покажа баш во најдобро светло.

Гомеш пред да пристигне во Динамо Букурешт, имаше кратка авантура во Ал Сафа од Саудиска Арабија.

Во својата кариера играше и во Бундес лигата, беше дел од Мелсунген, а во Португалија ги носеше дресовите на Порто и Брага.