Eден од најдобрите шведски ракометари може да ја засили Барселона

Eден од најдобрите шведски ракометари и член на Фленсбург, Џим Готфридсон потврди дека не е сигурна неговата иднина во германскиот клуб.

Готфридсон со Фленсбург има договор до 2025 година меѓутоа неколку клубови покажале интерес да го доведат пред истекот на соработката со бундеслигашот. Како една од опциите каде што би можел да продолжи шведскиот ракометар е Барселона.

Флесбург е единствениот клуб за Готфридсон за кој досега играл надвор од Шведска и дресот на овој клуб го носи од 2013 година. Информацијата дека не е сигурен за својата иднина во Фленсбург, Готфридсон ја потврди во интервјуто за „Афтонбладет“.

Зад себе со репрезентацијата Готфридсон има средбрен медал на Европското првенство во 2018 и Светското првенство во Египет во 2021, а до златото стигна на последното Европско првенство во Унгарија и Словачка.