Eвропа ја пополни бројката до 17 земји на Мундијалот во Шпанија

Повеќе од половина од учесниците на Мундијалот во женска конкуренција кој во декември треба да се одржи во Шпанија се веќе познати, а меѓу нив сите веќе се јасни сите земји од Европа кои ќе земат учество на шампионатот.

Со денешното одигрување на сите натпревари од баражите во Европа стана јасно дека Унгарија, Црна Гора, Германија, Австрија, Русија, Чешка, Романија, Србија, Шведска и Словенија ќе играат на ова првенство.

Претходно беше познато дека на шампионатот како домаќин игра Шпанија, а како бранител на титулата составот на Холандија.

Селекциите на Норвешка, Франција, Хрватска и Данска местото си го обезбедија со пласманот во полуфиналето на последното Европско првенство кое се играше минатиот декември.

Во текот на летото ќе биде комплетиран списокот на учесници бидејќи тогаш ќе се играат квалификациите на другите континенти. Африка има четири учесници, Азија шест, Северна Америка еден, Јужна и Централна Америка три, а Океанија останува да се види дали ќе добие едно место или нема. Од тоа зависи дали една или две вајлд карти ќе бидат доделени за оние земји кои немаат обезбедено пласман на првенството.

Шампионатот ќе се одржи од 2 до 19 декември во Шпанија во Барселона, Грањолерс, Тарагона, Леида, Кастелон де ла Плана и Бадалона.