Двобојот за полуфинале со македонска арбитража

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за утрешните натпревари на Европското првенство во Германија.

Утре ќе стартуваат натпреварите од претпоследното, трето коло од главната фаза на континенталниот собир.

Нова задача на Европското првенство ќе има најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу репрезентациите на Шведска и Португалија.

Двете репрезентации на табелата во втората група имаат по четири бода, па така на утрешниот дуел ќе има голема борба за освојување на бодовите.