Две ракометарки од репрезентацијата на Камерун, Бенедикт Mанга Амбаса и Мариане Батамаг, „исчезнале“ од репрезентативниот камп во Хелсинборг за време на Мундијалот.
Камерун допатува со 16 ракометарки во Шведска, но на последниот натпревар со домаќинките на СП имаа скратен ростер од 14 ракометарки.
Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека ракометната федерација на Камерун потврдила дека нема ништо криминално позади нивното исчезнување, туку дека двете ракометарки го напуштиле кампот по нивна сопствена желба.
Полицијата сега трага по нив како по мигранти, а ова е нов случај кога настапот на СП се користи за такви цели од страна на африкански или азиски репрезентативки или репрезентативци.
Такви случаи имаше на женското СП 2021 во Шпанија, како и на машкото кадетско СП 2023 во Хрватска.