Два пати во два дена фатални грешки: Викна тајм-аут кога противникот има посед на топка! (ВИДЕО)

Тимот на Фуксе Берлин го заврши настапот на Супер Глоуб со сребро, откако во финалето беше поразен од Магдебург со 34-32.

Тренерот на „лисиците“, Јарон Сиферт, направи две големи грешки и во полуфиналето и во финалето на неофицијалното светско клупско првенство.

Во полуфиналето, при резултат 29-29, голманот на Фуксе Берлин, Ласе Лудвиг одбрани еден шут на Барса, но топката се уште не беше во посед на германскиот тим, а тренерот Сиферт притисна на тастерот за тајм-аут.

Таа негова грешка не беше казнета, откако Лудвиг го одбрани ударот на Хампус Ване и мечот отиде во продолженија, па Фуксе Берлин славеше и се пласираше во финалето.

Ист таков случај беше и во финалето, кога кон крајот на регуларниот дел беше 29-29, а Сиферт побара тајм-аут кога неговата екипа немаше посед на топка и одново пенал за ривалот.

Магдебург не успеа да погоди, односно Дејан Милосављев одбрани и мечот отиде во продолженија, кои вторпат во низа не беа среќни за Фуксе Берлин и европскиот првак третпат по ред го освои трофејот во Супер Глоуб.

Очигледно младиот стратег Сиферт, ќе треба уште еднаш да ги повтори правилата на ракометната игра…