Капитенот на Хрватска кој години наназад е прва виолина на коцкастите, Домагој Дувњак, беше видно незадоволен, но и доста реален по поразот на својата репрезентација од Исланд.
Претежок пораз, првото полувреме го одигравме солидно, но второто не беше добро, не сакам да употребам некои потешки зборови. Голманите беа феноменални цело првенство, но ние тоа не го искористивме. Игравме доста широко во одбрана и без прекршоци. Кузма беше на стрелба.- изјави Дувњак за РТЛ и додаде:
Подобро изгледавме денес на теренот, за разлика од натпреварот со Унгарија, но тоа не беше доволно.Влеговме во трка со нив, и не исконтрираа. Тргнавме феноменално на ЕП, и можеби тоа не беше добро. Таков натпревар се случува еднаш на 50 години. Против Австрија жалам бидејќи имавме водство од четири разлика пред самиот крај. Не знам на кое место ќе бидеме на крај, но ова не беше добар настап.-заврши Дувњак.