Тимот на Драчево го засилува ростерот пред стартот на прволигашкиот плеј-оф и битката за Супер лига.
Составот на тренерот Велимир Настески го засили средниот бек Петар Ферукоски, кој доаѓа од тимот на Скопје.
Ферукоски летово дојде во Скопје, а претходно настапуваше за матичната Струга подолго време.
Драчево го заврши регуларниот дел од Првата лига со 11 победи и 3 порази, на второто место на табелата во групата А.
Тоа значи дека ќе пренесе два бода во плеј-офот што ќе стартува кон средината на февруари.