Mашката репрезентација на Германија нема да биде дел од Свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, кое ќе се случи на 26 јули.
Првиот натпревар на Германија ќе се игра на 27 јули против домаќинот Франција, па бундес тимот не сака троши време.
„Сите ги интересира зошто нема да се појавиме на отворањето. Но сите заедно решивме дека одиме во Париз да играме, а не да се занимаваме со олимписки туризам“, изјави капитенот на Германија, Јоханес Гола.
Иако пресметката меѓу Германија и Франција на 27 јули е на програмата во вечерниот термин од 21:00 часот, сепак германските ракометари не сакаат да потрошат „за џабе“ неколку часа ден претходно.
„Дури и веднаш да се вратиме дома после парадата и отворањето, тоа ќе ни одземе неколку часа. Тоа нема смисла, бидејќи така нема да можеме да се подготвиме добро за стартот на турнирот“, изјави младиот Ренарс Усчинс.