Дисингер со нов предизвик – ќе игра кај Ѓукиќ во Татабања!

Левиот бек Кристијан Дисингер во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на амбициозниот унгарски клуб Татабања.

Дисингер потпиша договор до 2025 година и ќе игра за клубот што ќе биде предводен од српскиот стратег Драган Ѓукиќ.

Германскиот интернационалец со екипата на Вардар успеа да се искачи на европскиот врв во 2019 година.

Играше претходно за Кил, Атлетико Мадрид и Кадетен Шафхаузен, а по заминувањето од Вардар беше дел од Динамо Букурешт, Ал Духаил и ПЛЕР Будимпешта.

Татабања ги продолжи договорите со левото крило Кристијан Угалде, голманот Мартон Секељ и десниот бек Матео Мараш.