Димитриоски и Димитриевски добија друштво од Веспрем

Шпанскиот тим Ваљадолид ангажираше на позајмица до крајот на сезоната чувар на мрежата на унгарскиот гигант Веспрем.

Станува збор за Бенедек Наѓ, кој ретко добиваше шанса покрај Јенсен и Коралес, иако беше во ростерот на некои натпревари од унгарскиот шампионат.

Ваљадолид има проблеми со повредите на голманите, па решението го најде во младиот унгарски чувар на мрежата.

Наѓ иако има 22 години, има солидно искуство од настапите во унгарскиот шампионат за Ѓенѓеш и Татабања, пред летоска да се пресели во Веспрем.

Во Ваљадолид, кој е на 12 место на табелата во Асобал лига и се уште има шанси да се избори за место во Европа, играат македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски.