Францускиот репрезентативец Дилан Наи ја продолжи соработката со полскиот шампион Келце до 2028 година.
Тој дојде во Келце во 2021 година од тимот на ПСЖ, а актуелниот договор истекуваше следното лето.
Сепак добрите партии на Наи беа причина раководството многу порано да му понуди нова соработка на три сезони.
Со Келце тој освои две сребра во Лигата на шампионите, како и две титули во полското првенство.
„Му должам многу на овој клуб и сакам да му се оддолжам. Тренерот Душебаев ми верува и ми ја дава шансата што ми треба. Сакам да ја оправдам довербата. Сакам се овде – тимот, соиграчите, навивачите…“, вели Наи.
Покрај Наи, на левата крилна позиција во Келце играат младите Сургиел и Виендарни