Џатевска, Мишевски, Јанкуловска, Гошевски, Трпевска…дебитираа за новите клубови низ Европа

Петмина македонски интернационалци викендов го имаа своето деби за новите клубови на меѓународна сцена.

Кружниот напаѓач Ивана Џатевска со два гола од два обиди придонесе во триумфот на нејзиниот Сомбатељ над составот на Бекешчаба со 39-36 во првото коло во унгарскиот шампионат.

Десниот бек Дејан Гошевски го имаше првиот настап за хрватскиот Метковиќ Механика и постигна три гола во поразот кај Трогир со 24-21.

Левиот бек Ангела Јанкуловска и нејзиниот тим Славија Прага го одиграа првиот натпревар во регионалната МОЛ Лига и остварија победа со 28-23 над Злин. Македонската постигна два гола и заработи едно исклучување.

Ивона Трпевска имаше два гола од два обиди на мечот кој нејзиниот нов тим, хрватската Далматинка го доби убедливо против Осијек во првото коло од домашното првенство.

Марко Мишевски, кој се врати во Франција по подолго време, го одигра првиот меч за Курнон Доверњ, на гостувањето кај Сарбурж кој славеше со 30-25, а Македонецот немаше погодоци.