ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Завршен ден на Светското првенство во Македонија

Денеска е завршниот ден на Светското младинско првенство во Македонија и на последниот ден ќе има вкупно четири натпревари.

Освен финалниот натпревар, како и оној за бронзениот медал, ќе се одиграат уште два, еден за петто место и еден за седмо место.

За златото ќе се борат репрезентациите на Унгарија и Франција, кои во полуфиналето славеа над Холандија, односно Данска.

Сите четири натпревари ќе се одиграат во СЦ „Борис Трајковски“, по што ќе биде познато кој ќе биде новиот светски шампион во младинска конкуренција.

Титулата пред две години, на СП во Словенија, ја освои Норвешка, која настапот во Скопје го заврши на 10. позиција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 ИСЛАНД – ШВАЈЦАРИЈА (ЗА 7 МЕСТО)
12:15 ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЗА 5 МЕСТО)
14:45 ХОЛАНДИЈА – ДАНСКА (ПОЛУФИНАЛЕ)
17:30 УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА (ФИНАЛЕ)