Денеска на домашна сцена ќе продолжат натпреварите од 10. коло во суперлигашката конкуренција. Вицепрвакот Вардар на свој терен ќе се соочи со незгодниот Охрид, двете екипи на девет натпревари остварија осум победи, па така денешното соочување ќе биде од голема важност и за „црвено-црните“ и за „гладијаторите“.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој во четвртокот ја забележа првата победа во ЛШ, има незгодно гостување. Битолчани за ривал во 10. коло од најквалитетното натпреварување го имаат Бутел, кој секогаш давал голем отпор, посебно пред својата публика.
Една од екипите кои се бори за место во плеј-оф фазата – Пролет ќе гостува кај последнопласираниот Радовиш. Избраниците на Александар Јовиќ се фаворити против радовишани и доколку ја оправдат фаворитската улога, тогаш ќе дојдат до два важни бода во борбата за 5-6 место на табелата.
По ЕХФ неделата, на сцена се враќаат дамите, а на денешната програма ќе има три дуели во единственото женско сениорско натпреварување. Стружанка ќе биде домаќин на Астибо, вториот тим на Ѓорче Петров ќе го пречека Скопје, додека Вардар ќе гостува кај првиот тим на „лавиците“.
Во прволигашката конкуренција ќе има четири дуели. Низ Европа ќе се игра во неколку шампионати, свој настап ќе имаат и дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 ЗАЛАУ – СЛАТИНА (РОМАНИЈА)
12:00 ПАРТИЗАН – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
12:30 СТРУЖАНКА – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЛОК. ЗАГРЕБ – ОСИЈЕК (ХРВАТСКА)
16:30 БУДУЌНОСТ – НИКШИЌ (ЦРНА ГОРА)
17:00 МЛАДОСТ – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
17:30 ДРАЧЕВО – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 САЛЕРНО – ТЕРАМО (ИТАЛИЈА)
18:00 БЕНФИКА – БРАГА (ПОРТУГАЛИЈА)
18:00 СОМБАТЕЉ – МТК (УНГАРИЈА)
18:00 ЦВИКАУ – МЕЦИНГЕН (БУНДЕС)
18:30 ОВЧЕ ПОЛЕ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МЕЛСУНГЕН – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ШТРОКАУ – ТУЛН (АВСТРИЈА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 БРЕСТ – НИЦА (ФРАНЦИЈА)
20:15 ЦЕЛЈЕ – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)