Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај „Женска плажа“ во Струга ќе стартува 52. издание на традиционалниот Струшки турнир.
Покрај четирите македонски екипи – домаќинот Струга, Вардар, Еурофарм Пелистер и Тиквеш, ќе играат уште грчкиот ПАОК Солун и шведскиот Ескилстуна Гуиф.
На првиот ден, меѓусебни натпревари ќе имаат четирите македонски екипи. Од 18:30 часот ќе играат Струга и Еурофарм Пелистер, додека од 20:40 ќе се сретнат Вардар и Тиквеш.
Утрово во градот Гуангжу во Кина, ќе стартува Светското првенство за кадетки на кое ќе играат 32 селекции.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СТРУШКИ ТУРНИР)
20:40 ВАРДАР – ТИКВЕШ (9СТРУШКИ ТУРНИР)
04:00 ЈАПОНИЈА – КОРЕЈА (СП КАДЕТКИ)
04:00 СРБИЈА – АВСТРИЈА (СП КАДЕТКИ)
06:00 ХРВАТСКА – НИГЕРИЈА (СП КАДЕТКИ)
06:00 ХОЛАНДИЈА – КАНАДА (СП КАДЕТКИ)
06:00 ШВЕДСКА – ЧИЛЕ (СП КАДЕТКИ)
08:00 ФРАНЦИЈА – ИНДИЈА (СП КАДЕТКИ)
08:00 ГЕРМАНИЈА – ГВИНЕЈА (СП КАДЕТКИ)
08:00 ЦРНА ГОРА – АНГОЛА (СП КАДЕТКИ)
10:00 БРАЗИЛ – КОСОВО (СП КАДЕТКИ)
10:00 ЧЕШКА – ИСЛАНД (СП КАДЕТКИ)
10:00 РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (СП КАДЕТКИ)
12:00 ЕГИПЕТ – ШПАНИЈА (СП КАДЕТКИ)
12:00 УНГАРИЈА – АРГЕНТИНА (СП КАДЕТКИ)
12:30 КИНА – ГРЕНЛАНД (СП КАДЕТКИ)
14:00 НОРВЕШКА – КАЗАХСТАН (СП КАДЕТКИ)
14:30 ДАНСКА – КИНЕСКИ ТАЈПЕЈ (СП КАДЕТКИ)