На денешната програма на домашна сцена ќе се одиграат неколку дуели во единственото женско сениорско натпреварување и во прволигашката конкуренција.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, пред својата публика ќе го пречека Вардар во натпревар од 13. коло, кое е последно за првиот дел од тековната сезона.
Ѓорчепетровки се фаворити во дуелот со „црвено-црните“, но ќе треба да дадат се од себе, бидејќи составот на Царчев секогаш бил незгоден ривал против поквалитетните екипи.
Интересен натпревар се очекува да има меѓу екипите на Металург Автокоманда и вицепрвакот Куманово.
Двете екипи се зад водечката двојка на табелата, имаат по 30 бода на свое конто, па така на овој дуел само нијанси би одлучувале за конечниот исход.
Во рамки од Првата лига ќе има шест дуели, но познато е веќе кои екипи ќе играат во плеј-оф и плеј-аут фазата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 КАСТАМОНУ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)
13:00 ПАРТИЗАН – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
13:00 БОРЕЦ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
13:30 ДЕСПИНА – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ИЗМИР – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
15:00 АСТРАИОН – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВОГОШЧА – ГРАЧАНИЦА (БИХ)
17:30 БЕРГИШЕР – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 СПАРТАК – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 МЛАДОСТ – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТУЗЛА – ГОРАЖДЕ (БИХ)
18:00 СЛОГА – КРИВАЈА (БИХ)
18:00 ЛУЦЕРН – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АЈЗЕНАХ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ШТУТГАРТ – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
20:30 ЛЕМГО – ХАМБУРГ (БУНДЕС)