ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Сениорите и младинците ќе ги одиграат вторите „контролки“

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ја одигра втората „контролка“ против Романија.

Избраниците на Кире Лазаров на вчерашниот тест меч со романската репрезентација беа поразени со 32:27.

Овие пријателски средби се дел од подготовките пред бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Мундијалот следната година.

Младинците, кои вчера ремизираа со Хрватска, на пладне ќе имаат второ соочување со „коцкестите“.

Со натпреварот меѓу Ференцварош и Брест Бретањ ќе започнат осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите кај дамите.

На денешната програма ќе има и четири интересни дуели од квалификациите за Олимписките игри во Париз.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (МЛАДИНЦИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
14:30 ГЕРМАНИЈА – ХРВАТСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
16:00 ПОДРАВКА – ДУНАРЕА (ЛИГА ЕВРОПА)
16:00 ФТЦ – БРЕСТ (ЛШ)
16:30 МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (СЕНИОРИ, ПРИЈАТЕЛСКИ)
17:00 АЛЖИР – АВСТРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
17:00 ПОРТУГАЛИЈА – ТУНИС (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
18:00 КРИМ – ЧСМ (ЛШ)
18:00 ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БИСИНОВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ДЕСПИНА – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 НОРВЕШКА – УНГАРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
20:00 МОШОНМАЃАРОВАР – БИСТРИЦА (ЛИГА ЕВРОПА)
20:00 ШАМПИОН – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)