Денеска во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите од првото коло на Светското првенство во училишен ракомет.
Кадетките ќе се соочат со Белгија од 10:30 часот во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба, додека кадетите ги чека пресметка во истото време против Бугарија во салата „Македонско сонце“.
Покрај репрезентативните натпревари, на македонските терени ќе се одигра и еден натпревар од Супер женската лига.
Само три дена по финалето во Купот на Македонија, екипите на Спартак и Ѓорче Петров ќе играат меѓусебе во првенството.
Мечот се игра во салата „Христо Батанџиев“ со почеток од 19:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАДЕТКИ)
10:30 МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАДЕТИ)
19:00 СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

























