Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот меѓу Охрид и Вардар од 8 коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Вардар веќе ја потврди шампионската титула и првото место, но Охрид е во трка за втората позиција со Еурофарм Пелистер и мора да брка бодови.
На табелата охриѓани и битолчани се израмнети со по 48 бодови, Охрид има уште три средби за играње, а Еурофарм Пелистер уште две, меѓу кои и нивната меѓусебна.
Во плеј-офот, „сино-белите“ од Автокоманда по поразот од Охрид ќе бараат враќање на победите кај Тиквеш во Кавадарци.
Од плеј-аутот денеска се играат две средби во Битола и Прилеп, иако и таму се е веќе јасно околу баражот и екипата што испаѓа од елитата.
Во Супер женската лига се игра интересен меч меѓу Спартак и Вардар, а во прволигашката конкуренција има три дуели во Гевгелија, Неготино и Скопје.
Во Неготино кај Вардар гостуваат „витамините“ од Автокоманда, и ако слават на овој меч, ќе бидат на милиметри до Супер лигата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 СПАРТАК – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ОХРИД – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРИЛЕП – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ДРАЧЕВО ЈУНИОР – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)

























