ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Нексе на Вујовиќ ќе брка чудо во Германија за четвртфинале во ЛЕ

На денешната програма ќе се одиграат реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на Европа.

По одиграните дуели, ќе биде познато кои четири екипи ќе им се придружат на Нант, Скјерн, Фленсбург и Спортинг во четвртфиналето.

На првите осминафинални дуели победија Динамо Букурешт, Фуксе Берлин, Рајн Некар и Савехоф.

Сите четири екипи се многу блиску до четвртфинале, бидејќи триумфираа над своите ривали со три или повеќе гола разлика.

За пласман во четвртфиналето ќе се бори хрватскиот вицепрвак Нексе, кој на првиот осминафинален дуел беше поразен од Рајн Некар со 24:19.

Избраниците на Веселин Вујовиќ ќе мора да се надминат себеси и на гостинскиот терен кај „лавовите“ да ја анулираат негативата од пет гола.

Распоред на реванш дуелите од осминафиналето:
18:45 СИЛКЕБОРГ – ДИНАМО
18:45 САВЕХОФ – ХАНОВЕР
20:45 ФУКСЕ – КАДЕТЕН
20:45 РАЈН НЕКАР – НЕКСЕ