ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младинците го стартуваат настапот на „Трофеј Карпати“

Машката младинска репрезентација на Македонија како дел од подготовките за Европското првенство 2024 ќе настапи на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Баја Маре.

Освен домашната селекција и Македонија, учесници на турнирот ќе бидат и репрезентациите на Словачка и Саудиска Арабија.

Избраниците на Раде Стојановиќ денес ќе се соочат со Саудиска Арабија, а в сабота и недела се дуелите со Романија и Словачка.

Младинците претходно на двапати тестираа со репрезентацијата на Турција и на овие контролни средби селекторот Стојановиќ ќе има можност да ја провери формата на сите повикани играчи.

На денешната програма на Светското првенство 2023 ќе се одиграат двата полуфинални дуели, по што ќе биде познато кои две репрезентации ќе играат во големото финале.

Во првото полуфинале Данска ќе го предизвика актуелниот бранител на титулата, репрезентацијата на Норвешка, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шведска и светскиот вицепрвак Франција.

Германија и Чешка, односно Црна Гора и Холандија ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место на Мундијалот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:30 ГЕРМАНИЈА  ЧЕШКА (СП)

14:00 МАКЕДОНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

14:30 ЦРНА ГОРА – ХОЛАНДИЈА (СП)

15:00 ИЖЕВСК – ЦСКА (РУСИЈА)

17:00 СТАВРОПОЛ – РОСТОВ (РУСИЈА)

17:30 ДАНСКА – НОРВЕШКА (СП)

18:00 ВОЈВОДИНА – РАДНИЧКИ (СРБИЈА)

18:00 ГРАЧАНИЦА – МАГЛАЈ (БИХ)

18:30 ТРЕБЊЕ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ГРАЦ – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)

19:00 ШТУТГАРТ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)

19:00 ШАРТ – НИМ (ФРАНЦИЈА)

19:30 ФАЈВЕРС – ФЕРЛАХ (АВСТРИЈА)

20:30 НАНТ – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)

20:00 АЈЗЕНАХ – КИЛ (БУНДЕС)

21:00 ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА (СП)