ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонскиот вицепрвак на мегдан со Ла Риоха

Денес во рамки од Лигата на Европа во машка конкуренција ќе се одиграат сите 16 натпревари од второто коло.

Тимот на Кире Лазаров првата победа во дебитанската сезона на европска сцена ќе ја брка на гостински терен во Шпанија.

Македонскиот вицепрвак како втор ривал ја има Ла Риоха, која во првото коло беше убедливо поразена од Силкеборг со 34:25.

Како што е познато, избраниците на Лазаров во првото коло беа немоќни против српскиот шампион Војводина, па така денес ќе се обидат да стигнат до првите бодови на европска сцена.

Свој настап во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе имаат Филип Талески и Бојан Маџовски.

Талески со Бенфика ќе го пречекаат Кристијансад, додека Маџовски и Ловќен во Подгорица ќе му бидат домаќини на Фленсбург, кој е еден од фаворитите за пласман на Ф4 турнирот.

Распоред на натпреварите од 2. коло во Лигата на Европа:

Група А

Бенфика – Кристијансад 18:45ч

Рајн Некар – Нант 18:45ч

Група Б

АЕК Атина – Криенс Луцерн 18:45ч

Горњик Забже – Хановер 20:45ч

Група Ц

Савехоф – Горење 18:45ч

Винтертур – Куенка 20:45ч

Група Д

Скјерн – Повашка Бистрица 18:45ч

Нексе – Брага 20:45ч

Група Е

Кадетен – Елверум 18:45ч

Ловќен – Фленсбург 20:45ч

Група Ф

Ла Риоха – Алкалоид 20:45ч

Војводина – Силкеборг 20:45ч

Група Г

Изиѓач – Фуксе Берлин 18:45ч

Шамбери – Динамо 20:45ч

Група Х

Констанца – Спортинг 18:45ч

Хобри Глогов – Татабања 18:45ч