ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на прв тест пред настапот на ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ќе ја има првата контролка пред настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Избраниците на Кире Лазаров во Стара Пазова ќе тестираат против репрезентацијата на Црна Гора, која исто така е еден од учесниците на континенталниот собир.

Македонија во подготвителната фаза ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на нашиот јужен сосед.

Македонската репрезентација на Европското првенство е во група со Германија, Франција и Швајцарија, а првата средба е на 10 јануари против Французите на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Денеска се играат уште три пријателски натпревари на селекциите пред ЕП. На вториот ден од турнирот „Трофеј Карпати“ ќе играат Словачка со Грција, односно Грузија и Романија.

Репрезентацијата на Полска по вторпат силите ќе ги одмери со Аргентина, додека во периодот од 4 до 6 јануари ќе тестира со Шпанија, Србија и Словачка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА

14:00 СЛОВЕНИЈА – ГРЦИЈА

16:30 ГРУЗИЈА – РОМАНИЈА

20:30 ПОЛСКА – АРГЕНТИНА