Денеска во Битола ќе се одигра дерби дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот предводен од Кире Лазаров, во рамките на 3. коло од плеј-офот во Супер лигата.
Актуелниот шампион ќе има голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“, која беше распродадена уште пред два дена.
Пелистерци на последното соочување со „сино-белите“ од Автокоманда одиграа фуриозно и триумфираа со 33:20.
Избраниците на Лазаров ќе посакуваат одмазда за високиот пораз и втор триумф во разигрувањето за титулата.
На денешната програма ќе се одигра уште еден дуел од плеј-офот, во Кавадарци ќе играат Тиквеш и Бутел Скопје.
Со натпреварот меѓу Куманово и Прилеп ќе биде комплетирано третото коло во плеј-аут фазата.
Кај прволигашите, непобедливиот Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Младост Богданци, додека Шампион ќе биде домаќин на Астраион.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)
18:00 КУМАНОВО – ПРИЛЕП (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД (СУПЕР ЛИГА)
19:00 ШАМПИОН – АСТРАИОН (ПРВА ЛИГА)