Денеска продолжуваат натпреварите од четвртото коло на женскиот Олимписки турнир во Париз.
Најинтересно би требало да биде на средбата меѓу Холандија и Бразил, а исто така внимание привлекува и онаа меѓу Германија и Данска.
Унгарија по ремито со Ангола мора да брка триумф над Шпанија, додека Франција и Норвешка се фаворити со Анголките, односно Словенија.
Возбудувања се очекува да донесе и дуелот меѓу Кореја и Шведска, иако скандинавскиот состав треба да е фаворит за победа.
ДЕНЕСКА НА ОИ:
09:00 ХОЛАНДИЈА – БРАЗИЛ
11:00 КОРЕЈА – ШВЕДСКА
14:00 ШПАНИЈА – УНГАРИЈА
16:00 АНГОЛА – ФРАНЦИЈА
19:00 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА
21:00 СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА