Francisco COSTA, Norway vs Portugal, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 17.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Залетаната Португалија против Шведска брка полуфинале

На денешната програма на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ќе стартува претпоследното коло од главната фаза во втората група.

За прва победа во главната фаза ќе се борат репрезентациите на Словенија и Холандија, кои во терминот од 15:30 часот ќе имаат меѓусебен дуел.

Словенците со евентуална победа би останале во игра за висок пласман на табелата,  додека „лалињата” ќе се обидат да стигнат до прва победа во главната фаза.

Едно од изненадувањата на Европското првенство, репрезентацијата на Португалија силите, ќе ги одмери со Шведска. Овој дуел би можел да одлучи кои од двете репрезентации би обезбедила пласман во полуфиналето.

Во терминот од 20:30 часот ќе има скандинавско дерби меѓу репрезентациите на Норвешка и Данска.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

15:30 СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА

18:00 ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА

20:30 НОРВЕШКА – ДАНСКА