Constantin MÖSTL, Julian KÖSTER, Lukas HUTECEK, Johannes GOLLA and Mykola BILYK, Germany vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Домаќинот нема право на грешка, Австрија на мегдан со Франција

На денешната програма на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ќе се одиграат три дуели од 3. коло од првата група во главната фаза.

Во терминот од 15:30, меѓусебен дуел ќе имаат репрезенатциите на Хрватска и Исланд. Двете репрезентации во претходните две кола од главната фаза не успеаја да дојдат до победа.

Домашната репрезентација, која во претходното коло одигра само реми против Австрија, нема право на грешка во дуелот со незгодната Унгарија.

Исто како и Германија, репрезентацијата на Унгарија ќе атакува на победа, со цел да остане во игра за полуфинале.

Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Франција и изненадувањето на Европското првенство – Австрија.

Французите со победа над Австрија ќе го обезбедат пласманот меѓу најдобрите четири репрезентации на Европското првенство.

Избраниците на Алеш Пајовиќ во дуелот со „триколорите“ ќе дадат се од себе за да дојдат до важни бодови со кои би го продолжиле сонот за историски успех.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

15:30 ХРВАТСКА – ИСЛАНД

18:00 ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА

20:30 ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА