Janko BOZOVIC, Spain vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Австрија против Унгарија, Хрватска на мегдан со Франција, домаќинот ќе се соочи со Исланд

Денеска на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ќе се одиграат три дуели од главната фаза.

Откако вчера се одиграа првите натпревари од втората група, денес во „Ланксес арената“ во Келн ќе стартуваат натпреварите од првата група.

Изненадувањето на Европското првенство, репрезентацијата на Австрија, која во последното коло од групната фаза ја совлада Шпанија и ја испрати „црвената фурија“ дома, силите ќе ги одмери со Унгарија.

Репрезентацијата на Унгарија со евентуален триумф ќе направи голем исчекор на табелата, бидејќи во главната фаза пренесе два бода. Австрија ќе се обиде да оствари победа и да се вклучи во трката за полуфинале.

Во терминот од 18:00 часот ќе играат репрезентациите на Хрватска и Франција. Избраниците на Горан Перковац ќе имаат тежок предизвик во дуелот со „триколорите“, кои со два бода се лидери во првата група, но и истакнати фаворити против „коцкестите.“

Домаќинот Германија во рамки од првото коло од главната фаза ќе се соочи со незгодниот Исланд. На двете репрезентации им е неопходна победа, бидејќи во трката за едно од првите две места на табелата влегуваат без бодови.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

15:30 УНГАРИЈА – АВСТРИЈА

18:00 ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА

20:30 ГЕРМАНИЈА – ИСЛАНД