Дејвис: Еурофарм Пелистер е тежок ривал – имаат разновидна игра и погодуваат сите играчи

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в четврток го игра третиот натпревар од Лигата на шампионите.

Пелистерци му гостуваат на романскиот Динамо Букурешт, кој е предводен од Давид Дејвис и добро познава дел од ракометарите на македонскиот првак.

„Натпреварот против Еурофарм Пелистер ќе биде интензивен. Нашите навивачи ќе имаат свој удел во текот на мечот и ќе придонесат за наелектризирана атмосфера, сигурен сум. Еурпфарм Пелистер е тежок противник, дури кога игра и на гости, што го покажа на натпреварот против ПСЖ. Имаат разновидна и брза игра, погодуваат сите играчи. Ќе се бориме да ги задржиме двата бода во Букурешт, како и на секој натпревар“, вели Дејвис.

Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер ќе се игра в четврток во салата „Поливалента“ со почеток во 18:45 часот.