Даниел Андоновски не е повеќе член на Охрид

Тимот на Охрид информира дека левиот бек Даниел Андоновски не е повеќе член на клубот, откако спогодбено беше раскинат договорот со него.

Андоновски се врати во Охрид минатата сезона по настапите во Вардар Јуниор и Прилеп, но сезонава не добиваше многу прилики за настап.

Левиот бек, кој може да игра и на другите бековски позиции, а специјалност му е играта во дефанзива, во вториот дел од сезоната ќе има нов клуб.

Охрид на левата бековска позиција во моментов ги има Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Звонимир Сафранко.