Тимот на Униреа Слобозиа, каде што игра македонската репрезентативка Сања Дабевска, забележа триумф во Втората лига на Романија.
Униреа на домашен терен славеше против Сепси со 23-21, а кружниот напаѓач постигна три гола од три обиди.
Во истата конкуренција, тимот на Слатина каде што играат Јована Мицевска и Јована Саздовска, славеше на гости кај Нептун Констанца со 46-28.
Мицевска имаше осум одбрани од 23 удари кон нејзиниот гол и имаше најдобар индекс на корисност од победничкиот тим, додека Саздовска погоди два пати.