Според пишувањата на „RTH Handball“, членот на Барселона, Пол Валера, би можел да го напушти каталонскиот гигант.
26-годишниот ракометар, кој игра на позицијата среден бек, се поврзува со трансфер во Порто.
Валера пристигна во Барселона во сезоната 2022/23, откако претходно настапуваше за тимот на Гранољерс.
Во моментов, Порто на позицијата среден бек располага со тројца ракометари – Руи Силва, Диого Оливеира и Андре Соуза.
Покрај за Валера, интерес од Португалија има и за кружниот напаѓач Хави Родригез, кој е на мета на Бенфика.
Со доаѓањето на Фабрегас, ќе нема многу простор за игра за Родригез, бидејќи тука е и Фраде, па младиот Шпанец би можел да се пресели во Лисабон.