Тимот на Чаир промовираше две засилувања пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Женската лига.
Станува збор за десниот бек Софија Чавар, за чиј трансфер објави одамна 24Ракомет. Романската интернационалка доаѓа од полскиот Кошалин, а претходно беше дел од ЧСМ Букурешт, Дева и Плоешти во татковината.
Покрај Чавар, Чаир се засили и со кружниот напаѓач Мила Алексоска, која ги носеше дресовите на Металург и Металург Автокоманда, а за неа ова е камбек во тимот предводен од Басри Љатифи.
Чаирчанки имаат големи амбиции во оваа сезона и ќе се обидат да освојат барем еден од трофеите на домашна сцена, откако имаа добар европски настап.